Првенец на генерација

ПРЛИЧЕВЕЦ 2026

ЕЛЕНА СЕКУЛОСКА – ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА

Како ученичка која со своето знаење, труд, посветеност и успеси се издвојуваше во својата генерација, Елена Секулоска ја прими честа да биде Прличевец на генерацијата 2026.

На свеченоста, таа упати искрени и емотивни зборови до своите наставници и соученици – зборови за детството, пријателството, знаењето, натпреварувањето, заедничкото растење и спомените што ќе останат и по завршувањето на основното образование.                                                                                                                     

#ПРЛИЧЕВЕЦ 2025

НИНА КУЗМАНОСКА - ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА Нашата Нина, насмеана, вредна... нашата исполнителна Нина и секогаш подготвена да мотивира. Нина континуирано ги освојуваше највисоките места на државните натпревари по многу училишни предмети. Со тоа го поставуваше училиштето на највисок пијадестал. Освен тоа, Нина учествуваше и во многу воннаставни активности оставајќи белег во делувањето на ученичката заедница во училиштето ВИКТОР МИЛЕСКИ - веднаш зад Нина со освоени високи над 200 поени гордо го пофалуваме и наградуваме Виктор- нашиот пример за истрајност и мудрост, нашиот талент во повеќе области. Виктор изобилува со знаење и сеатраност и континуирано издвојуваше високи награди на регионални и државни натпревари Ги пофалуваме и им посакуваме успех и среќа и на следните ученици кои гордо го претставуваа ПРЛИЧЕВ низ годините:

#ПРЛИЧЕВЕЦ 2024

#ПРЛИЧЕВЕЦ 2023

#ПРЛИЧЕВЕЦ 2022