Втора фаза на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“
По успешно реализираните активности во првата фаза, во периодот септември 2026 – август 2029 година, во нашето училиште продолжува имплементацијата на проектните активности во рамки на втората фаза од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, поддржан од Детската фондација Песталоци (Kinderdorf Pestalozzi).Проектот го спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА, во партнерство со МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада „Меѓаши“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации, во соработка со Министерството за образование и наука.
Нашето училиште како едно од училиштата вклучени во првата фаза на проектот, продолжува со својата посветеност кон создавање и унапредување на безбедна, инклузивна и партиципативна училишна средина.Во рамки на втората фаза, активностите ќе бидат насочени кон зајакнување на ученичкото учество и ученичкиот глас, врсничка едукација и превенција од сите форми на насилство, развивање емпатија, позитивна комуникација и взаемна поддршка, како и зајакнување на капацитетите на наставниците и стручните соработници за превенција, рано препознавање и соодветно постапување.Посебно внимание ќе биде посветено на создавање можности учениците активно да учествуваат во иницијативи и процеси на донесување одлуки, како и на размена на искуства и добри практики со други училишта.Со продолжувањето на проектот, нашето училиште продолжува да придонесува кон создавање училишна средина во која секое дете ќе има можност да се чувствува безбедно, прифатено, почитувано и слушнато.
Прва фаза на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“
Во период од октомври 2024 – август 2026 година во нашето училиште ќе бидат имплеметирани проектни активности од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци (Kinderdorf Pestalozzi). Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi и SmartUp – Social Innovation Lab.
Нашето училиште беше избрано како едно од 13те основни и 12те средни училишта кои беа пријавени на јавниот повик наменет за основни и средни училишта во Република Македонија, во учебната 2024/2025 година. Проектот ќе се фокусира кон креирање на безбеден простор на младите преку активна поддршка за справување на сите форми на насилство врз нив како тема која е актуелна се повеќе во денешно време. На таков начин ќе придонесеме во остварување на правата на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Ученичкото учество во процесите на донесување одлуки ќе биде главниот принцип низ кој ќе се води овој проект, овозможувајќи заеднички пристап на учениците и возрасните кон препознавање, превенција и справување со насилство.
ДИГИТАЛНА ОГЛАСНА ТАБЛА
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
СТРИПОВИЗИЈА
Детското село Песталоци, Троген, Швајцарија
ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ДЕТСКО СЕЛО
ОТВАРАЊЕ НОВИ ХОРИЗОНТИ
ГРАДЕЊЕ МОСТОВИ МЕЃУ МЛАДИТЕ
ЗА ПРОЕКТОТ:
Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година. Проектот ќе се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат и Министерството за труд и социјална политика.
Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина во основните и средните училишта. Проектот ќе се фокусира кон креирање на безбеден простор на децата и младите во училиштата преку активна поддршка за справување на сите форми на насилство врз децата, како тема која е актуелна помеѓу децата и младите.
Очекувани резултати од проектот се:
- Подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата;
- Зајакнати капацитети на средните училишта за превенција и справување со насилство;
- Примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички. Повеќе за проектот е достапно на следниот линк.
