ПРЛИЧЕВЕЦ 2026
ЕЛЕНА СЕКУЛОСКА – ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА
Како ученичка која со своето знаење, труд, посветеност и успеси се издвојуваше во својата генерација, Елена Секулоска ја прими честа да биде Прличевец на генерацијата 2026.
На свеченоста, таа упати искрени и емотивни зборови до своите наставници и соученици – зборови за детството, пријателството, знаењето, натпреварувањето, заедничкото растење и спомените што ќе останат и по завршувањето на основното образование.








