Месец мај го започнавме со еколошка активност
Училишна кампања под мотото „Да ги ослободиме училиштата од пластика – ние сме мали, но може да направиме големи промени


На 28.4.2023 во соработка со непрофитната компанија за управување со отпад „Пакомак“, како дел од активностите што ООУ „Григор Прличев“ ги спроведува како амбасадор училиште во рамки на проектот ,,Plastics Free Movement,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN беше одржана едукативна работилница



На работилницата представникот на „Пакомак“, г-дин Џан Мамут одржа предавање за важноста од селектирањето на отпадот и придобивките од унапредување на процесот на негово рециклирање 

На работилницата учествуваа представници од училишните
Еко патроли
кои во координација со проектниот тим од проектот,,Plastics Free Movement,, ќе спроведат училишна кампања под мотото
„Да ги ослободиме училиштата од пластика – ние сме мали, но може да направиме големи промени




За таа цел во училиштето беа донирани канти за селекција на пластичен и хартиен отпад, кој во договор со локална компанија за управување со отпад и „Пакомак“ ќе биде дистрибуиран до центар за
рециклирање
на пластика и хартија. Се надеваме дека оваа кампања во иднина ќе прерасне во долгорочна училишна стратегија.


Особена благодарност за несебичната поддршка и
соработка во името на сите ученици од нашето училиште би сакале да упатиме кон г-дин Игор Макалоски Oперативен менаџер во „Пакомак“ 


Повеќе слики од активноста ТУКА

Потоа, нашите
#прличевци
од ПУ нас. Рача беа гости на завршниот настан на акцијата
,,Биди хуман, сподели радост, израдувај непознато дете”
, кој беше во организација на Весна Константинова, авторка на
детската книга ,,Рисот Ристе”, а се одржа во National Park Galicica, а присуствуваа и претставници од Општина Охрид.





Посветеноста во организирањето,
љубовта посветена кон децата
и начинот на пристап до нив беше главно чувство на настанот


Едукативно и забавно… да се множат вакви настани!

Повеќе фотографии ТУКА

Исто така имавме чест да бидеме домакини.
Весели #ПРЛИЧЕВЦИ, секогаш гостопримливи и насмеани 

… За среќни и радосни гости 

“Erasmus group learning mobility K121” со гости од Јалова- Турција, збратимениот град на Охрид



Повеќе фотографии ТУКА

Потоа го одбележавме и Меѓународниот ден на физичката активност.
Активни #ПРЛИЧЕВЦИ!
На Меѓународниот ден на физичката активност одбележуваме и промовираме


Физичката активност е здравје, а здравјето е радост за сите





Активности полни со насмевка
. Фотографии од настанот ТУКА


Кога сме кај спортот…
Толку многу забава, игра, рекреација и задоволство на едно место 



Нашите мали слатки #прличевци на детската трка на Охрид ТрчаТ 


Месец мај го заокружуваме посветувајќи им активности на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод, наши ученици беа наградени за нивните достигнувања од страна на Градоначалникот на Општина Охрид .
