Month: September 2024

Информација за почеток на учебната 2024/2025 година

Се известуваат вработените и учениците дека наставата во учебната 2024/2025 година ќе се одвива во две смени. Првата смена започнува во 07:30 часот, втората смена започнува во 13:30 часот. На сите вработени и ученици им посакуваме успешна учебна година.

Известување за уписите на ученици во продолжен престој

ООУ „Григор Прличев“ Охрид ве известува дека пополнат е бројот на ученици од 2 и 3 одделение во продолжен престој за оваа учебна година. На сите ученици им посакуваме успешна година, а на родителите им благодариме за разбирањето и се радуваме на заедничка плодна соработка.