Одбележување на 21 февруари-Меѓународен ден на мајчиниот јазик

21 февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик е во знакот на јазикот како културно наследство во кое се обединува духовната култура на човештвото.📜⚜️

🤎Токму затоа #ПРЛИЧЕВЦИ ќе речат дека јазикот е најважното тло на кое цврсто стоиме.

Многу наши дејци, како нашиот Прличев, Миладиновци…како Мисирков и како Конески… се бореле за него. Зашто јазикот е наша единствена татковина. Тој е јас, вие и сите НИЕ. Тој е наш македонски!🇲🇰

И зошто е мајчин❓️

А кој може повеќе да љуби од мајка❓️❤️💛

⚜️📜Прекрасен мотив и инспирација нашата секција по македонски јазик под ✍️менторство на наставничката Силвија Мојсовска, да создаде една шарена ризница од мисли и извадоци од делата на овие и многу други дејци, како украс и потсетник во нашето училиште, испраќајќи ја повторно пораката на #ПРЛИЧЕВЦИ посветена на денешниот ден:

📜⚜️МОЈОТ МАЈЧИН ЈАЗИК – ТОА СУМ ЈАС!⚜️📜