Работилница на тема: „Комуникациски вештини“
на 14.11.2024 се одржа првата работилница на тема: „Комуникациски вештини“ која ја реализираше проектен ментор за нашето училиште Марија Коваческа.
На работилницата учествуваа членовите на Ученички парламент од секоја паралелка од VII-IX одделение и се запознаа со вербална и невербална комуникација, канали и пристапи за комуникација помеѓу членовите на парламентот и останатите ученици, начини на пренесување на информации. На работилницата учениците се запознаа со вербална и невербална комуникација, канали и пристапи за комуникација помеѓу членовите на парламентот и останатите ученици, начини на пренесување на информации, импементација на стандардите за ефикасна функционалност на Ученички парламент во училиштето.
Работилница на тема: “Истражувачки методи и алатки”
На 18.11.2024 година претставниците на Ученичкиот парламент во ООУ „Григор Прличев“ Охрид учествуваа на втората работилница на тема: “Истражувачки методи и алатки” во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци (Kinderdorf Pestalozzi). На работилницата учениците се запознаа со истражувачките алатки во училишниот живот (анкета, интервјуа и др.), интернет алатки за подготовка на конкретна анкета врз основа на дефинираните теми (ставови и перцепции помеѓу учениците, предлози за активности).
Работилница на тема: “Развивање на ученички проект/иницијатива”
На 29.11.2024 година во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се одржа третата работилница на тема: „Развивање на ученички проект/иницијатива”. На работилницата учениците претставници на Ученичкиот парламент имаа можност да се запознаат со клучните елементи за изготвување на проектна апликација. За време на работилницата, врз основа на предходно спроведена анкета, во која беа вклучени учениците од предметна настава во училиштето, работните групи самостојно подготвија “Апликација за ученичка иницијатива” – нацрт ученички проект кој содржи неколку активности во насока на превенција и справување со насилство, дефинираа типови и ресурси потребни за спроведување на иницијативата во училиштето.
Работилница на тема: „Дизајнерско размислување за решавање предизвици во училиштата“
На 26.3.2025 година во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ во ООУ „Григор Прличев“ Охрид се одржа четвртата работилница на тема: „Дизајнерско размислување за решавање предизвици во училиштата“. На работилницита нашиот училишен тим го претставуваа: Ели Богоевска, Елена Секулоска , Андреј Симиџиоски од VIII1 одделние, Ерен Џело, Константин Петрушески, Евгенија Шоргиќ, Теодора Наумова од VII2 и Марија Смическа одVII5 оделение, наставничките Марина Танасоска, Николина Чадоска, Цветанка Ристеска, училишниот педагог Офелија Петреска и училишниот психолог Анастасија Настеска. На работилницата присуствуваа и претставници од СМАРТ АП – лабораторија за социјални иновации Скопје: Љубица Ружинска – проектен координатот, Милена Игњатова – програмски менаџер и Кристина Велевска – проектен асистент.
Работилница на тема: „Ресурси и јакнење капацитети“
На 10.4.2025 година во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ тимот задолжен за Креирање ресурси за дигитална база во состав на учениците Ели Богоевска, Елена Секулоска, Андреј Симиџиоски и Јана Шешоска од VIII одделние, Ерен Џело, Константин Петрушески, Евгенија Шоргиќ, Теодора Наумова и Калина Георгиеска од VII оделение, наставничките Марина Танасоска, Цветанка Ристеска и Николина Чадоска одржаа работен состанок и работилница.
За време на работилницата, врз претходно утврдените и дефинирани предизвици кои произлегоа од анализата на Анкетниот прашалник работната група преку описот на активностите ги утврди првите чекори за нивна успешна реализација. Учениците со поддршка на наставниците изготвија формулар (акциски план) за планирање и спроведување активности од подрачјето Ресурси и јакнење капацитети-Креирање ресурси за дигитална база.
Работен состанок на тема: „Креирање ресурси за дигитална база“
На 16.4.2025 година во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ тимот задолжен за Креирање ресурси за дигитална база во состав на учениците Ели Богоевска, Елена Секулоска, Андреј Симиџиоски и Јана Шешоска од VIII одделение, Ерен Џело,Теодора Наумова, Калина Георгиеска, Марија Скрческа и Константин Петрушески од VII одделение, заедно со наставничките Марина Танасоска, Цветанка Ристеска и Николина Чадоска одржаа работен состанок на Microsoft Teams организиран од менторкатата Александра Блажевска.
На состанокот учениците од тимот (УТ) презентираа предлог чекори за подготовка и реализација на проектни активности фокусирани на превенција од насилство и зголемување на учеството на учениците од Ученичкиот парламент во донесувањето одлуки во училиштето. Чекорите за подготовка и реализација беа дискутирани, објаснати и проширени и од проектната координаторка Александра Блажевска. По дискусијата, тимот одлучи да ги реализира следниве активности: Креирање на Дигитална огласна табла, Креирање на Календар на активности Изложба од стрипови – СТРИПОВИЗИЈА, а нивнта имплементација да се одвива во три фази: Подготовка на дизајн и содржина на дигиталната огласна табла, Собирање идеи, дизајн и изработка на календарот на активности и Организирање работилници за изработка на стрипови, наменети за завршната приредба за промоција на проектот.
Работилници за креирање ресурси за дигитална база – дигитална огласна табла и календар на настани
Креираме Дигитална огласна табла: Подобра информираност – Посилна училишна заедница
Во современиот образовен процес, комуникацијата игра клучна улога. Кога учениците се добро информирани, тие се почувствуваат повеќе вклучени, мотивирани и одговорни за училишниот живот. Еден од актуелните предизвици во нашето училиште е подобрување на информираноста за постоечките канали и механизми за комуникација. Токму затоа, ученичкиот парламент предлага иницијатива за креирање Дигитална огласна табла – алатка што ќе ја направи комуникацијата транспарентна, достапна и динамична. Реализатори на оваа иницијатива се учениците Ели Богоевска, Елена Секулоска, Андреј Симиџиоски и Јана Шешоска од VIII одделение, Ерен Џело,Теодора Наумова, Калина Георгиеска, Марија Скрческа и Константин Петрушески од VII одделение, заедно со наставничките Марина Танасоска, Цветанка Ристеска и Николина Чадоска.
Работилници за креирање ресурси за дигитална база – СТРИПОВИЗИЈА
СТРИПОВИЗИЈА – Креативноста против врсничкото насилство
Во едно училиште, знаењето не се мери само со оценки. Се мери и со емпатија, креативност, свесност и храброст да се зборува за важните теми. Една од тие теми е врсничкото насилство – предизвик со кој секое училиште мора активно да се соочи. Во таа насока, учениците од IX одделение во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, преземаат иницијатива со силна порака: „СТРИПОВИЗИЈА“ – изложба од стрипови на тема насилство и другарство.
Работен состанок за презентација на ресурси за дигитална база
На 22.5.2025 година во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ тимот задолжен за Креирање ресурси за дигитална база во состав на учениците Ерен Џело,Теодора Наумова, Калина Георгиеска, Марија Скрческа и Константин Петрушески од VII одделение, заедно со училишниот психолог Анастасија Настеска, наставничките Марина Танасоска, Цветанка Ристеска и Николина Чадоска одржаа работен состанок на Microsoft Teams организиран од менторкатата Александра Блажевска.
„Промоција на безбедна училишна средина“ 2026
По успешната прва фаза од спроведувањето на проектни активности од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци (Kinderdorf Pestalozzi), и во учебната 2025-2026 нашето училиште ќе биде дел од проектните активности на Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi и SmartUp – Social Innovation Lab. Она што започна како идеја за поттикнување креативност, соработка и истражување, прерасна во иницијатива која создава вистинска промена во нашето училиштето. Оваа учебна година 23 ученици – претставници од Училишниот парламент, тим од наставници, училишниот психолог и педагог во соработка со координаторот на проектот Марија Коваческа, започнаа со реализација на три работилници:
– На 18.11.2025 Работилница1 на тема: Комуникација и функционирање на ученички парламент
– На 19.11.2025 Работилница2 на тема: Истражување
– На 20.11.2025 Работилница3 на тема: Креирање учeнички проект/иницијатива Со ова, го заокружуваме продолжувањето на нашиот проект со искрена надеж дека вложениот труд, стекнатото знаење и заедничката соработка ќе послужат како цврста основа за идни успеси, нови истражувања и уште поамбициозни чекори што нè очекуваат во следните фази, во кои ги покануваме сите ученици и родители активно да се вклучат, да ги споделат своите мислења со нас и да бидат дел од процесот на реализација на проектот — секоја идеја може да донесе нешто ново и вредно! Следете не за нови активности, предизвици и интересни содржини.


















































































