На 6 август во Центарот за култура – Охрид се одржа проекцијата на документарниот филм „Едно време, една генерација, едно училиште“, посветен на нашето училиште – ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.
Филмот носи приказна исполнета со спомени, сеќавања и моменти кои сведочат за историјата и значењето на нашето училиште низ годините. Тој нè враќа низ приказните на генерациите кои биле дел од нашето училиште и нè потсетува на вредноста на едно училиште кое со години поврзува ученици, наставници и бројни генерации.
За сите оние кои не беа во можност да присуствуваат на проекцијата, документарниот филм можете да го погледнете на следниот линк:
🎥 Погледнете го филмот: „Едно време, една генерација, едно училиште“
