Во текот на оваа учебна година во нашето училиште се реализираа активности како дел од проектот за влијанието на користење на алтернативни извори на енергија за зачувување на здрава животна средина.
Во склоп на реализацијата на овој проект, учениците, членови на тимот, истражуваа за загадувањето на животната средина и можностите за користење на сончевата енергија како замена на електричната енергија.
Како дел од проектот, за осветлување во училишниот двор беа поставени и соларни рефлектори со сензори на движење.
Учениците конструираа и програмираа „Мерач на светлина“ , а потоа мереа јачина на светлина на соларните рефлектори и одредуваа дали постои зависност од временските услови за јачината на светлината со која овие рефлектори светат.
Исто така беше конструиран и „Соларен робот“ кој што учениците го програмираа да се движи и да ги насочува соларните панели кон поинтензивната јачина на светлината.
За помалите соученици, нивните поголеми другарчиња програмираа ЕКО КВИЗ со цел да влијаат врз развивање на еколошка свест уште на помала возраст. Се дружеа со ЗРАЧКО, ликот од ЕКО квизот кој провери колку знаат тие за сончевата светлина.
Секој ученик доби и флаер изработен од тимот ученици кој го реализира проектот.
Овие активности се спроведуваа и во подрачното училиште во н. Рача.
Сите активности беа реализирани со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој ипод менторство на наставниците Цветанка Ристеска и Благоја Ристески.
