Проектот е во организација на Здружението Клуб за нуркање АКВАТЕК – Охрид, а во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан.![]()
Заеднички реализиравме уште ![]()
две активности:
Еко – Едукатори ![]()
![]()
Тема: Проблемот со цврст отпад во Охридското Езеро ![]()
Училница во природа![]()
Тема: Охридската природа и вода со својата биолошка разновидност, местрилиште и зимувалиште на рибите, еко мотивација и надградување на нови сознанија. ![]()
![]()
![]()
![]()
Младите четвртоодделенци во улога на вистински предавачи или
ЕКО ЕДУКАТОРИ ![]()
, го пренесоа своето знаење на своите врсници околу цврстиот отпад во Охридското Езеро.
Слушатели беа нивните другарчиња од второ и трето одделение.
Креативно, едукативно, интересно и пред сè еколошки подготвени со многу знаење, свои заклучоци, аргументи и поуки.![]()
Втората активност се реализира кај каналот Студенчишта, каде во природно опкружување ги дознаа приказните на Билјанините извори, езерото, базените, рибите, местрењето и нивниот опстанок во зима.![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Го посетија и Хидробиолошкиот Завод – Охрид, а беа дел и од видео презентацијата за вештачкиот мрест на пастрмката, нашата ретка и ендемски езерската вредност.![]()
На крај интересна им беше и дружбата со езерската полиција при Регионалниот центар за гранични работи “Запад” кога дознаа за
“мрежите духови”, кои се голема закана за опстанокот на подводниот жив свет.![]()
![]()
Младите зелени истражувачи ги слушнаа некои и од полициските обврски и работни задачи во оваа проблематика и ја видоа нивната опрема која се користи во текот на тие еко патроли.![]()
![]()
![]()
Наскоро уште една активност во склоп на овој проект![]()






НЕКА БИДЕ ЗЕЛЕНО СÈ ![]()
![]()
,НЕШТО СИНО”
е насловот на групната изложба на која нашите талентирани #ПРЛИЧЕВЦИ имаат свои ликовни творби, како дел од проектот
“Зелена младина, зелена иднина”
на Здружението Клуб на нуркање АКВАТЕК – Охрид
Diving Center Akvatek![]()
Убавините нацртани како
,,НЕШТО СИНО”
можат да се погледнат во Куќата на Робевци, каде што главната инспирација е синилото на нашето езеро и импресиите од него.![]()
На овој начин потврдуваме дека единството на луѓето и природата е иднината на нашата планета, а синилото треба да остане во иста боја засекогаш![]()
Нека има постојано
,,НЕШТО СИНО”
– порачуваат #ПРЛИЧЕВЦИ





