#Прличевци во трка за здравје и чиста природа
Со делото „Алка спринт: Трка до здравјето“, изработено во рамки на манифестацијата Trash for Art 2026, учениците Матеј Симовиќ и Матеј Карамачоски освоија трето место.
Успехот е резултат на нивната креативност, труд и посветеност, како и на поддршката и менторството од нивната наставничка Николина Трпоска.
Со ова дело учениците испратија силна порака за важноста на здравиот начин на живот и грижата за животната средина, покажувајќи дека уметноста може да биде моќен начин за подигање на еколошката свест.
Честитки за постигнатиот успех и за достојното претставување на училиштето.

