На 12.09.2025г. во просториите на Europe House Skopje, претставници од нашето училиште беа дел од свеченото доделување на еТвининг плакетите на 25 образовни институции од нашата земја, кои го добија ова високо признание за периодот 2025–2026. Плакетите беа доделени од страна на в.д. директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Нашето училиштето ја доби оваа значајна награда како потврда за посветеноста, тимската работа и успешните европски проекти преку кои учениците и наставниците учат, соработуваат и се развиваат во духот на европските вредности.