По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, учениците ја покажаа својата креативност, труд и посветеност преку изработка на честитки и креативни изработки. Со оваа активност тие ја изразија својата благодарност и почит кон мајките, бабите, наставничките и сите жени кои имаат значајна улога во нивниот живот.
Преку изработките учениците испратија порака дека малите гестови на внимание, љубов и почит имаат големо значење, а искрената благодарност е најубавиот подарок. Активноста придонесе за развивање на креативноста и за поттикнување на вредности како почит, благодарност и внимание кон другите.
Овој ден уште еднаш потсети на важната улога на жените во семејството, училиштето и општеството.










