Активности од активот прво одделение посветени на нашиот патрон, Григор Прличев

По повод патрониот празник на нашето училиште, првачињата – нашите најмали #прличевци, со низа активности покажаа почит кон ликот и делото на нашиот патрон Григор Прличев. На отворените часови беа изработени ликовни творби со ликот на Прличев овенчан со венец од ловорики и сместен во срцето на стариот град, крај водите на Охридското Езеро, сето тоа со песните и стиховите испеани за нашиот великан.