Активности од активот трето одделение посветени на нашиот патрон, Григор Прличев

На отворениот час по повод Патрониот празник на училиштето, активот трето одделение заедно со учениците изработуваше оригами. Учениците со восхит и радост твореа и изработуваа со вештите рачиња. Целта на активноста беше да се развие креативноста и меѓусебната соработка помеѓу учениците.