- Предмет: Барање за прибирање понуди
- Набавувач на барањето:ООУ “Григор Прличев”- Охрид, ул.Димитар Влахов бр.65, тел: 046/265-062
- Опис на предметот на набавката:
Понудата треба да содржи цена по ученик за:
- Пакет фотографии за ученици – полуматуранти
- 8 фотографија во формат 6×9 см во боја
- портретна фотографија во формат 13х18 см во боја
- колор алманах испечатен на квалитетна кунздрук хартија со тврда сјајна корица(350 гр.)
- 2 изложбено табло (со димензија зависно од бројот на учениците во генерацијата) ) и урамување на истото кое останува во сопственост на Училиштето; Истото да биде обврска да биде истакнато
- Групно фотографирање по одделенија ( I-во до IX-то одд )
- Снимање на свечености(прием на првачиња, патронен празник …… и сл)
- Задолжителни прилози кон понудата:
- ИЗВОД од регистрација на дејност (приоритетна дејност фотографска ) и тековна состојба НЕ ПОСТАРА од 3 месеци;
- претходно изработени фотографии и алманах (од фирмата понудувач) за оценување на квалитетот
- изјава од понудувачот дека фотографирањето ќе се изведе во студио со посебен простор за пресоблекување на учениците и тоалет;
- изјава дека понудувачот ќе ја заврши работата во рок кој ќе го договори со училиштето
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност
- Критериум за избор на најповолна понуда:
– најниска цена, квалитет на изработка, рок за изработка
- НАПОМЕНА:
- Понудите со потребните документи да се достават до ОOУ„ГригорПрличев“-Охрид
- Ул.Димитар Влахов бр.65, 6000, Охрид, за Комисија за прибирање на понуди, препорачано по пошта или лично со назнака: ЗА ОГЛАС- Прибирање понуди за фотографирање на ученици во учебната 2023/2024 година. Во горниот лев агол на запечатениот плик да се назначи НЕ ОТВОРАЈ.
- Некомплетни, нецелосни и ненавремено доставени понуди нема да се разгледуваат од комисијата.
- Краен рок за доставување на понудите е 22.3.2024 год.
- За извршениот избор на најповолна понуда, понудувачите ќе бидат известени во рок од пет дена од денот на изборот.
- Плаќањето за извршената услуга ќе се врши врз основа на склучен договор со училиштето во име на родителите, пред извршување на услугата(фотографирањето), со уплата од страна на учениците ИСКЛУЧИВО на каса од Понудувачот кој се обврзува уредно да издаде ФИСКАЛНА СМЕТКА (како би се избегнале додатни провизии кон Матурантите при уплата во банка, на жиро сметката на Понудувачот
Комисија за прибирање на понуди
ОOУ„ГригорПрличев“-Охрид