Почитувани,
Нашето училиште се вклучува во акцијата “Генералка викенд” која е организирана преку заедничко партнерство со повеќе општини и компании, меѓу кои и Општина Охрид.
Целта на настанот е да се собере повеќе рециклабилен отпад, со што допринесуваме за поздрава иднина за сите. За секој 10 кг собран рециклабилен отпад ќе се засади по едно дрво.
Од денес 04.05.2022 заклучно со 06.05.2022 (петок), децата можат да носат на училиште отпад од пластична, стаклена амбалажа и отпадна хартија.
Заеднички за позелена околина, да се вклучиме во акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”.