Ние сите еднакви сме! И за нас важат еднакви правила и еднакво се радуваме и се смееме!
„ГЛЕДАЈ ЈА ЛИЧНОСТА, НЕ ПОПРЕЧЕНОСТА“ !
По повод 3 декември- Меѓународниот ден на лицата со попреченост во нашето училиште беа организирани низа активности од страна на #прличевци.
Овие активности беа реализирани од страна на образовни асистенти заедно со учениците од I-5, II-3, III-4 и V-4 и со нивните одделенски раководители и наставничките по физичко образование.
Постулат во воспитниот процес во нашето училиште е тезата дека секое дете е посебно на свој начин и заслужува еднаква можност за остварување на своите права.
Инклузија претставува токму можноста да им се дадат подеднакви можности на сите деца да се вклучат во наставата- „Кога сите се вклучени, сите победуваат! “
Го одбележуваме овој ден под мотото:
Ако заедно веруваме… веќе сме на пола пат до целта!
На нашата facebook страна погледнете го нашето видео !

Понатаму, со цел одбележување на нивниот ден, но и претставување на нивните дела и дејствија, нашите #прличевци од ПУ нас. Рача денес присуствуваа на едукативно предавање во Црвен крст Охрид, иницијатива поттикната од Ученичкиот парламент во нашето училиште. На предавањето нашите ученици ја имаа честа токму од волонтерите на Црвениот крст да слушнат зошто е возвишено да бидеш волонтер !
Изминативе години многу ученици од нашето училиште станаа волонтери на Црвениот крст со што ја потврдуваат тесната соработка која ја имаат овие две институции како и фактот дека нашите ученици од мали нозе се запознаени со големината која во себе ја носи волонтерството.

Понатаму се приклучивме кон одбележување на Денот на човековите права!
Под нашето мото: И јас и ти имаме исти права во овој свет, #Прличевци се приклучија кон кампањата за донирање стара хартија – за нова Брајова книга, која ја спроведува Државното училиште за рехабилитација деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов” – Скопје.
Значаен дел од воспитниот процес во нашето училиште постојано е посветен на практикување еднаквост меѓу учениците, но и стекнување навики помеѓу нив на безусловно почитување на различностите, туѓите ставови и мислења. Фотографиите од настанот може да се погледнат овде.

По повод 11 декември – Светскиот ден на планината, нашите второодделенци #ПРЛИЧЕВЦИ твореа на тема:
Те сакам планино, моја убавино !
Креативно ги насликаа планините во сите годишни времиња и поблиску се запознаа со убавините на планината, нејзиниот животински свет, климата, висината, вегетацијата и останати карактеристики на планината! За тоа сведочат фотографиите на нашата facebook страна
А следното всушност беше и најубавиот настан овој месец… бидејќи волшепство започнува од кај нас… нека магичната атмосфера ве поведе и ајде заедно со нас да и’ се радуваме на НОВАТА… за среќа во НЕА…
Навистина е ова најубавото време од годината. Кога има само насмевки и убави мисли, кога секој секому му посакува само убаво… кога сакаме среќата да ја споделиме, кога сакаме себе си да си посакаме желба, но и кога другаруваме и кога радост насекаде делиме.
Магичната сказна во нашиот град, која го краси нашето училиште, започна од #Прличевци… за кои нивните родители, пак, ја создадоа оваа прекрасна бајка од декорирани училишни простории.
Со тоа Советот на родители во нашето училиште го започна со реализација проектот : ,,Подари СРЕЌА за среќна НОВА”. Ваквиот успешен старт најавува и возбудливо продолжение со Новогодишен базар кој ќе ги стопли срцата не само на #Прличевци туку и на сите оние кои сакаат да ја почувствуваат волшебната приказна која ја плете Новата Година . Погледнете ги фотографиите од нашата новогодишна бајка на овој линк.
