еТвининг училиште за 2025-2026

Нашето училиште ООУ „Григор Прличев“ – Охрид  е наградено со ознака за еТвининг училиште за 2025-2026. Ова признание е резултат на нашата посветеност и активност во рамки на програмата еТвининг, која ги поврзува училиштата од цела Европа преку различни образовни проекти. Преку ова признание еТвининг тимот од наставници и ученици од училиштето се истакнуваат како лидери во иновативното учење, дигиталната писменост и интеркултурното учење.

Официјалното соопштение е објавено на платформата European School Educational Platform, а и на другите канали за вести на еТвининг и на Европската комисија.

Ова признание е мотив за нас да продолжиме со развој на нови проекти и можности за нашите ученици и наставници, како и да ја продолжиме традицијата на меѓународна соработка.