Драги наши полуматуранти,
нека разделбата со нашето училиште ви биде гордост, зашто со неа завршува една епизода од вашата животна приказна и започнува нова. Девет години заедно чекоревме по патот наречен основно образование. Знаењата што ги стекнавте ви се капитал кој никој не може да ви го одземе. Нашата мисија овде завршува. Од нашето училиште сигурно носите убави спомени и знаења со кои ќе градите подобра и посреќна иднина за вас, иднина каква што сакате и сигурно ќе ја изградите. Велат дека образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот. Колку нашето училиште успеа да ве наоружа ќе покаже времето кое е пред вас. Во тоа ви посакувам многу среќа и успех. Следете го вашиот сон, не само да го сонувате, туку и да го живеете. Не се сомневам дека ќе бидете успешни млади луѓе кои ќе ги освојат сите сфери на науката и животот и дека вашето училште „Григор Прличев“ ќе се гордее со вас – вие секогаш ќе бидете наши #ПРЛИЧЕВЦИ#