Како се прави хартијата

Во рамките на нашите активности за месец МАРТ – месецот на читањето 📖, #ПРЛИЧЕВЦИ истражуваат како настанува хартијата, таа навидум едноставно бела мазна површина на која можат да се напишат и создаваат многу зборови, приказни и дела, за ние да можеме да читаме!📃📜📝

☑️Со таа цел дел од членовите на училишната библиотека беа во посета на Националната работилница „Св. Климент” во Охрид.

☑️Во оваа работилница тие имаа можност да видат како се изработува хартија на оригинален начин преку Гутенберговата преса, а се печати на истиот начин како што се правело во XV век.📜🛖🗞🏷🪔

☑️Во работилницата беа изложени и бројни изработки со најразлични мотиви.⚜️

☑️Вистинско уживање и во декорот каде се вклучени и опрема и облека автентични на далечните векови.⚜️

🤲#ПРЛИЧЕВЦИ изразуваат благодарност на љубезниот домаќин и продолжувач на традицијата за оваа необична средба, со една ваква антика преку интересни приказни од времето кога настанувала хартијата.📝📜📃