Нашето училиште доби “Ер Трекови” – современа специјализирана подлога за физички активности, донација од компанијата “Ховер крафт адриа” која има специјализиран погон во Охрид за изработка на овие спортски реквизити.
#ПРЛИЧЕВЦИ деновите со нова радост на часовите по ФЗО.
За правилен физички развој, психомоторни вештини, здрав дух и физички активен живот потребна и е соодветна опрема која е дел од наставната програма по предметот ФЗО.
Токму затоа нашето училиште доби “Ер Трекови” – современа специјализирана подлога за физички активности, донација од компанијата “Ховер крафт адриа” која има специјализиран погон во Охрид за изработка на овие спортски реквизити.
Ова се само некои од заложбите на училиштето, но и на сите засегнати структури за успешно спроведување на образовниот процес во Локалната самоуправа и општина Охрид, кои имаат за цел грижливо вложување во инвестиции за образованието и развојот на децата.