Нашите #ПРЛИЧЕВЦИ блеснаа на свечената академија по повод 80 години слободен Охрид, организирана од Општина Охрид

,,Во мугрите кога ги растури исток по небото темно златестите зракој;
штом сонцето тргна проблеснато, чисто,
по пресните следи на нокта и мракот;
езерните далги во утринен блесок
го гушкаат мило крајбрежниот песок,
– тогаш дојди в Охрид!”
80 години живееме во слободен Охрид💙
80 години овој град ни е и слобода и љубов.
За него се пеат песни, тука се случуваат првите симпатии.
За него се бореле и Јасна Ристеска и Момчило Јорданоски и многу други партизани, чии имиња ги славиме денес.
Ви благодариме🙏
Синоќа нашите #ПРЛИЧЕВЦИ блеснаа на свечената академија по повод 80 години слободен Охрид, организирана од Општина Охрид.
Нашите ученици со својот талент, знаење и харизма секаде достојно го претставуваат Прличев👏