Низа активности за создавање пријатни услови за изведување на воспитно – образовен процес во нашето училиште

Деновиве во нашето училиште се изведуваа неколку активности со цел создавање пријатни услови за престој на нашите ученици.

Спортската сала во нашето училиште беше осветлена со 18 нови лед рефлектори како замена на постоечките сијалици, кои освен што ќе придонесат за подобра светлина, ќе овозможаѕ и заштеда на електрична енергија.

Освен тоа, во подрачното училиште во нас. Рача беа реновирани тоалетите со што се овозможуваат подобри хигиенски и здравствени услови за учениците и вработените.