Прва работилница на тема „Комуникациски вештини“ како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ кој го спроведува Coalition of youth organizations SEGA
Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ кој го спроведува Coalition of youth organizations SEGA, а на чиј повик аплицираше и нашето училиште и стана дел од проектот, на 14.11.2024 се одржа првата работилница на тема:
„Комуникациски вештини“ која ја реализираше доделен ментор за нашето училиште Марија Коваческа.
На работилницата учествуваа членовите на Ученички парламент од секоја паралелка од VII-IX одделение и се запознаа со вербална и невербална комуникација, канали и пристапи за комуникација помеѓу членовите на парламентот и останатите ученици, начини на пренесување на информации.