Со благо, со стихови, со муабет и почит #ПРЛИЧЕВЦИ на визита.
![]()
Традицијата продолжува…
Поетскиот перформанс
,,ПРЛИЧЕВА ВИЗИТА ВО СТИХОВИ”
во духот на моментот пред 164 години, кој сè уште мириса на лаворики и успех.![]()
25 Март 1860г., денот кога великанот Прличев беше закитен со Лаворовиот венец во Атина, како победник на конкурсот со поемата ,,Сердарот”.![]()
![]()
Во таа чест вечерва во училишната библиотека ја организиравме оваа Прличева визита во стихови, со многу емоции, читање на неговите вечни зборови од ,,Сердарот”, наградени поеми од училишните конкурси и прекрасна атмосфера која ја истакна големината и важноста на нашиот учител.![]()
![]()
![]()
Ученици, наставници и родители беа главните актери на оваа интересна средба
, на која заеднички му оддадоа почит
и достоинство на овој ден кога Лаворовиот венец блескаше на вратот на нашиот Прличев.![]()
![]()
![]()
Нека биде вечен споменот и делото на нашиот бессонец, бунтовник, великан и втор Хомер – ГРИГОР ПРЛИЧЕВ

