Прличевци околу и за природата!

#ПРЛИЧЕВЦИ околу и за природата 🏞
Бевме дел од Едукативна работилница “Пештерски екосистеми во НП Галичица”.📍
Целта на оваа работилница е подигнување на свесност за пештерите како природни екосистеми во НП Галичица, стекнување нови знаења за пештерите како природни екосистеми во НП Галичица, стекнување знаења за пештерски украси и начин на нивно формирање ❇️
Учениците следеа презентација, надополнета со видео за да ги продлабочат своите знаења. Потоа изработуваа пештера и играа игра “Еко домино” преку која согледаа колку научиле од едукативната сесија ✅️
И бидејќи нашите #ПРЛИЧЕВЦИ се секогаш желни за повеќе знаење и едукација, на крајот им беше поделен прашалник со цел да се утврди постигнатиот степен на нови знаења и на која тема би сакале да биде следната реаботилница 📝