
Во период од октомври 2024 – август 2026 година во нашето училиште ќе бидат имплеметирани проектни активности од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци (Kinderdorf Pestalozzi). Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi и SmartUp – Social Innovation Lab.
Нашето училиште беше избрано како едно од 13те основни и 12те средни училишта кои беа пријавени на јавниот повик наменет за основни и средни училишта во Република Македонија, во учебната 2024/2025 година. Проектот ќе се фокусира кон креирање на безбеден простор на младите преку активна поддршка за справување на сите форми на насилство врз нив како тема која е актуелна се повеќе во денешно време. На таков начин ќе придонесеме во остварување на правата на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Ученичкото учество во процесите на донесување одлуки ќе биде главниот принцип низ кој ќе се води овој проект, овозможувајќи заеднички пристап на учениците и возрасните кон препознавање, превенција и справување со насилство.
КРЕИРАМЕ ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ
ДИГИТАЛНА ОГЛАСНА ТАБЛА
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
СТРИПОВИЗИЈА
ЗА ПРОЕКТОТ:
Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година. Проектот ќе се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат и Министерството за труд и социјална политика.
Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина во основните и средните училишта. Проектот ќе се фокусира кон креирање на безбеден простор на децата и младите во училиштата преку активна поддршка за справување на сите форми на насилство врз децата, како тема која е актуелна помеѓу децата и младите.
Очекувани резултати од проектот се:
- Подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата;
- Зајакнати капацитети на средните училишта за превенција и справување со насилство;
- Примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички. Повеќе за проектот е достапно на следниот линк.




