Завршна манифестација од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“

Во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ успешно беше реализирана завршната манифестација, на која беа презентирани активностите и резултатите од проектот.

Проектот е поддржан од Детската фондација Песталоци (Kinderdorf Pestalozzi) и Коалицијата на младински организации СЕГА, во партнерство со МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование (MCEC), Прва детска амбасада Меѓаши и SmartUp – Social Innovation Lab.

Во текот на проектот беа реализирани бројни работилници и активности со ученици, родители и наставници, посветени на:
• комуникација и функционирање на ученички парламент
• истражување и ученички иницијативи
• превенција од насилство
• развивање комуникациски вештини и меѓусебна почит
• грижа за училишната средина и заедништво

#ПРЛИЧЕВЦИ активно учествуваа во креирање книги, постери, дискусии и едукативни работилници, а наставниците и родителите дадоа значајна поддршка во градењето позитивна и безбедна училишна клима.

Посебен акцент беше ставен на борбата против врсничкото насилство, како и на социјалната и мултиетничката инклузија и интеграција.

Преку заедничка работа испративме силна порака дека училиштето треба да биде место исполнето со почит, разбирање, пријателство и насмевки.

Благодарност до сите ученици, родители, наставници и соработници кои беа дел од оваа успешна мисија!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *