Текбол во нашето училиште

Општина Охрид, во соработка со Јадранската Teqball лига од Подгорица, Црна Гора и компанијата Тримакс, ја реализираа првата промоција и презентација на текболот како спорт во основните и средните училишта во Охрид.

Во нашето училиште успешно се одржа оваа промоција, при што учениците имаа можност да се запознаат со текболот – еден од најбрзо растечките спортови во светот, присутен на пет континенти и со повеќе од 150 национални федерации.

Со оваа иницијатива, Teqball масата останува во сопственост на училиштето, отворајќи нови можности за спорт, рекреација и развој на здрави животни навики кај учениците.

Со нетрпение очекуваме да ги видиме првите прличевци како текбол играчи.

Благодарност до сите кои придонесоа за реализација на оваа значајна иницијатива.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *