Настан „Пролетна рапсодија“

На 15.3.2026 година, во Културниот центар „Култ“ се одржа настанот „Пролетна рапсодија“, изложба на ликовни творби и читање на поезија од учениците од VI до IX одделение од ООУ „Григор Прличев“ – Охрид. Настанот се реализираше под менторство на наставничката Натали Кичеец.

Во пријатна и инспиративна атмосфера учениците ги претставија своите ликовни и поетски творби, преку кои ја изразија својата креативност, љубовта кон уметноста и инспирацијата од пролетта.

Честитки до сите ученици учесници за успешно претставениот талент, како и благодарност до сите присутни кои ја поддржаа оваа уметничка иницијатива.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *