На 11.3.2026 година, во организација на Советот на родители при ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, во нашето училиште се одржа еколошко, едукативно и интерактивно предавање посветено на подводниот свет на Охридското Езеро и значењето на неговата заштита. Предавач беше Никола Паскали, нуркач од нуркачко друштво.
Учениците имаа можност да се запознаат со нуркачката опрема и преку изложба на подводни фотографии да го откријат богатството и убавината на подводниот свет на Охридското Езеро. Во рамките на предавањето се зборуваше и за загадувањето на езерото со отпад, при што беа презентирани и предмети пронајдени на неговото дно, како мрежа за фаќање јагули и други стари предмети од секојдневна употреба.
На крајот од настанот учениците учествуваа во креативна активност и изработија еко-постери со пораката „Ние сме чувари на Охридското Езеро“.

