Во периодот од 19 до 22 октомври, по повод Неделата на борба против гладта, во нашето училиште успешно се реализираше хуманитарната акција „Помислете и на нас“.
Со заеднички придонес, учениците, родителите, наставниците и вработените во училиштето уште еднаш ја покажаа својата хуманост, солидарност и подготвеност да им помогнат на оние на кои им е потребна поддршка.
Упатуваме искрена благодарност до сите што се вклучија во акцијата и придонесоа за нејзината успешна реализација.
Преку оваа иницијатива испративме важна порака дека хуманоста започнува со мали дела, а заедништвото може да направи голема разлика.
Да споделуваме, да помагаме и да бидеме поддршка едни на други, затоа што секое дете заслужува безгрижно детство, доволно храна и насмевка на лицето.

