Учиме во училиште кое гордо и со децении го носи името на најголемиот литературен деец, преродбеник и наш охриѓанец, Григор Прличев.Со мисла и со збор се навраќаме кон неговото време. Роден е на 18 јануари 1830 г. во Охрид, во сиромашно, но трудољубиво семејство на Ставре Прличев и Марија Ѓокова. Низ силината на зборот од кој блика љубовта и болката, неспокојот и непокорот, Прличев остави неизбришлив белег на едно време. И денес ги прелистуваме страниците на неговите дела кои се пишано сведоштво за едно постоење, за една мисла чиј запис се пренесол низ генерациите и стигнал до нас.⚜️