По повод патрониот празник на нашето училиште, Активот по Физичко и здравствено образование реализираше Спортски ден исполнет со динамика, натпреварувачки дух и позитивна енергија, во чест на нашиот патрон – Григор Прличев.
🤸♂️🏅 Спортски ден – централно училиште 🏅🤸♀️
Во организација на наставничките по ФЗО и одделенските наставнички од V одделение, спортската сала блесна во празнична атмосфера, исполнета со натпреварувачи, публика и силно навивање.
Учениците учествуваа во различни спортски игри и дисциплини, покажувајќи издржливост, координација, тимска соработка и почитување на правилата. Натпреварите беа проследени со возбуда, радост и спортски адреналин, а секој момент беше искористен како можност за учење и градење карактер.
Особено внимание беше посветено на фер-плеј однесувањето, дисциплината и одговорноста, при што учениците имаа можност да увидат дека почитувањето на правилата е подеднакво важно како и самата победа.
Спортскиот ден уште еднаш потврди дека спортот не е само физичка активност, туку и значајна животна лекција – за тимска работа, истрајност, почит и чесност.
https://youtube.com/shorts/LBpSD1HS40o?feature=share
🏃♀️⚽ Спортски ден – Подрачно училиште во населба Рача ⚽🏃♂️
Во Подрачното училиште во населба Рача, патрониот празник беше одбележан со спортски активности исполнети со насмевки, дружење и позитивен натпреварувачки дух.
Учениците учествуваа во разновидни спортски игри, преку кои ја покажаа својата спортска умешност, фер игра и способност за тимска соработка. Денот помина во ведра и мотивирачка атмосфера, каде што секој ученик имаше можност активно да се вклучи и да придонесе за успехот на својата екипа.
Преку ваквите активности се поттикнува развивање на здрави навики, активен начин на живот и чувство на заедништво – вредности кои се важен дел од правилниот психо-физички развој на учениците.


