⚜️ Празнично утро во чест на лауреатот ⚜️
Со лаворов венец, исплетен од млади раце, и со свежо цвеќе како симбол на почит и благодарност, учениците и наставниците се поклонија пред бистата на нашиот учител – Григор Прличев.
Чинот на положување цвеќе претставуваше достоинствен почеток на празничниот ден и симболична благодарност за поетот кој ни остави бесмртно дело, аманет и јасен патоказ за идните генерации.
Нека мирисот на цвеќето биде траен спомен, а лаворовиот венец тивка и искрена почит кон неговото дело и значење
.




⚜️ Свечена приредба во чест на патронот ⚜️
Со свечена приредба , исполнета со силни емоции, достоинствена атмосфера и уметнички настапи, го одбележавме патрониот празник на нашето училиште, посветен на нашиот патрон – Григор Прличев.
Под мотото:
„Прличевиот збор е аманет – делото бесмртно“,
учениците уште еднаш покажаа дека талентот, знаењето и љубовта кон училиштето се темелот врз кој се гради иднината.
Преку музички, литературни и драмски изведби, тие ја оживеаја традицијата и ја потврдија пораката дека вредностите што ги негуваме – почитта кон знаењето, културата и идентитетот – продолжуваат да живеат во новите генерации.
Свеченоста беше збогатена со присуството на бројни гости, наставници и родители, кои со своето присуство дадоа дополнителна тежина и значење на настанот.
Изразуваме искрена благодарност до сите ученици и наставници за вложениот труд, посветеност и креативност, како и до сите гости што беа дел од ова достоинствено одбележување.
Продолжуваме заедно по патот на знаењето, традицијата и успехот – како вистински Прличевци.









Линк до целосната фото-галерија од нашиот патронат https://drive.google.com/drive/u/0/folders/1ngewVqMpw6AP45AJxzziJr1rpWHpyy92?sort=13&direction=a&fbclid=IwY2xjawQJiX1leHRuA2FlbQIxMABicmlkETJJUlY5WWVQQklQYkEzNGJHc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHlUVcpkF3ILq0wKJ7h_G3Sny-g6ELrvvHLjq9QEK7Z31jUHmnzPdLWNma6_h_aem_OSMdPoC1IiTOY24hDHUong

