Во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, поддржан од Фондацијата ПЕСТАЛОЦИ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА, МЦГО, МЕЃАШИ и СмартАП, беа реализирани низа значајни активности насочени кон создавање побезбедна, поинклузивна и поддржувачка училишна средина.
Дел од овие активности ги реализираше Училишниот тим задолжен за креирање ресурси за дигитална база, составен од наставничките Марина Танасоска, Цветанка Ристеска и Николина Чадоска, како и учениците Ели Богоевска, Елена Секулоска, Андреј Симиџиоски, Јана Шешоска, Ерен Џело, Константин Петрушески, Евгенија Шоргиќ, Теодора Наумова, Калина Георгиеска и Марија Скрческа.
Тимот минатата учебна година активно учествуваше во иницијативата „Заедно креираме за побезбедна училишна средина“
Со особена гордост споделуваме дека реализираните активности, верификувани во рамки на училишните тимови, се објавени на ЕдуЛаб – порталот за професионален развој.
Заедно продолжуваме да градиме училиште каде што безбедноста, почитта и соработката се заедничка вредност.

