Работилници и активности по повод 28 Февруари – Денот на ретките болести

По повод 28 Февруари – Денот на ретките болести, во нашето училиште беа реализирани повеќе едукативни и креативни активности со учениците од одделенска и предметна настава, со цел подигнување на свеста, развивање емпатија и поттикнување солидарност кон лицата кои живеат со ретки болести.

Активности со учениците од I–V одделение

Учениците од 1 до 5 одделение од Подрачното училиште – населба Рача реализираа низа активности преку кои на соодветен начин се запознаа со значењето на овој ден. Преку разговори, презентации и интерактивни содржини, тие учеа што значи да се живее со ретка болест и колку е важна поддршката од заедницата.

Особено внимание привлече симболиката на шарените чорапи како знак на различност и прифаќање. Учениците изработуваа цртежи и пораки со кои испратија јасна порака:
„Сите сме различни, но сите сме важни!“

Во училниците се создаде атмосфера на почит, другарство и поддршка, а најмладите уште еднаш покажаа дека хуманоста се учи од најрана возраст.

Едукативна работилница со учениците од V и VI одделение

Со учениците од V и VI одделение беа реализирани посебни едукативни работилници во рамки на кои преку кратка презентација се запознаа со дел од ретките болести, предизвиците со кои се соочуваат засегнатите лица и нивните семејства, како и со значењето на навремената поддршка и општественото прифаќање.

Разговорите беа насочени кон:

развивање емпатија и солидарност,
почитување на различностите,
градење ставови засновани на разбирање и хуманост.

Преку внимателно осмислени активности, учениците имаа можност да согледаат дека зад секоја дијагноза стои личност со соништа, потенцијал и сила. Работилницата беше заокружена со пораки на охрабрување за „тивките борци“, со што беше испратена силна порака за поддршка и прифаќање.

Со овие активности нашето училиште се приклучи кон глобалната кампања за подигнување на свеста за ретките болести, испраќајќи порака дека различностите не нè делат, туку нè збогатуваат.

Различноста не краси – љубовта ќе не спаси!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *