УПИС НА ПРВАЧИЊА

Ги известуваме родителите дека започнува уписот на првачиња за учебната 2026/2027 година.

Законски обврзници се деца родени од 01.01.2020 до 31.12.2020, односно кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години.

По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни 6 години до 31 јануари 2027, по претходно барање од родител/старател и мислење од педагог/психолог.

Потребни документи за упис:

Извод од матична книга на родени / копија;

Лична карта од родител/старател (копија) со која се наоѓа реонот во кој има живеалиште или каде што има престојувалиште;

Медицинска Финска за примени задолжителни вакции;

Потврда за офталмолошки преглед од надлежната здравствена установа (закажување преку матичниот лекар);

Потврда за стоматолошки преглед (закажување на терминот во Детска и превентивна стоматологија).                                                                                                                                      

Закажување од 20.4.2026

Издавање потврди од 4.5.2026

Тел: 078/384-557

За дете со попреченост се доставува и проценка за попреченост за дополнителна образовна поддршка.

Документите се доставуваат лично во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид секој работен ден од 07:30 до 13:30 часот.                         

Уписот трае од 4 до 28 мај 2026 (Задолжително присуство на детето при упис)                            

Децата без комплетна документација нема да може да бидат запишани.

Со радост ве очекуваме!

Успех и среќен почеток, идни ПРЛИЧЕВЦИ!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *