На 22 април го одбележавме Денот на планетата Земја – значаен датум посветен на подигнување на свеста за заштитата на животната средина.
Учениците од училиштето го одбележаа овој ден со кратка драматизација и танцова изведба. Настанот се одвиваше во пријатна и позитивна атмосфера, исполнета со креативност и ентузијазам. Преку своите настапи, учениците испратија силна порака за важноста од зачувување на природата и одговорното однесување кон животната средина.
Природата ни обезбедува услови за живот – чист воздух, вода, шуми и биолошка разновидност. Затоа, наша заедничка обврска е да ја чуваме, заштитуваме и негуваме секојдневно.
Да се потсетиме дека Земјата е нашиот единствен дом.





