На 7 јуни 2026 година во Скопје се одржа Државниот натпревар по македонски јазик, на кој учениците од нашето училиште постигнаа одлични резултати, освојувајќи две први места и титули државен првак.
VI одделение
Јана Стојаноска – втора награда
Јана Дамеска – втора награда
Ментор: Сузана Маленкова
VII одделение
Доца Секулоска – прво место и државен првак
Марко Томоски – втора награда (трето место)
Ментор: Кире Стојаноски
VIII одделение
Теодора Наумова – прво место со максимални 100 бода и државен првак
Ангела Стефаноска – благодарница за учество
Ментор: Билјана Николоска
IX одделение
Елена Секулоска – втора награда
Ели Богоевска – благодарница за учество
Ментор: Лилјана Ставреска
Овие резултати се потврда за знаењето, трудот и посветеноста на учениците, како и за континуираната поддршка и работа на нивните наставници. Им честитаме на сите наградени ученици и ментори и им посакуваме уште многу успеси во иднина.
