Ослободување на училиштата од пластика “Plastics Free Movement” - SPAM Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN
Официјалната веб страна на проектот достапна на следниот линк.


Како резултат на повеќегодишно успешно спроведени проектни активности на Erazmus+ KA3 програмата на Европска Унија, во соработка со „Здружението за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО, во периодот од септември 2021 – јуни 2024, нашето училиште ”ООУ ,,Григор Прличев,, – Охрид беше назначено за Амбасадор училишта во РС Македонија во имплементацијата на проектот Ослободување на училиштата од пластика ,,Plastics Free Movement,, – SPAM Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN
Главниот фокус на проектот е насочен кон подигање на свеста пред се кај младите за влијанието на пластиката врз животната средина, за во иднина да да станат промотори и протагонисти на еко-промените во општеството преку нивната креативност.
Училиштата и организациите кои се дел од проектот за ослободување на училиштата од пластика ќе бидат вклучени во светска мрежа „Никому Помалку“ за размена на добри практики, каде секое училиште / организација ќе може да се вклучи со свои активности, овозможувајќи меѓукултурен дијалог и отвореност кон другите вклучени субјекти во проектот.
Целите на проектот за ослободување на училиштата од пластика треба да се остварат со имплементација на следните проектни активности:
- Едукација на децата за подигање на нивната свест за штетната употреба на пластиката и еколошките проблеми поврзани со употребата на пластика.
- Поттикнување накреативноста кај децата за употрба на материјали и алатки од алтернативно потекло за трајно користење наместо пластика во училиштата.
- Креирање на едукативни содржини и активностиза ефектот на пластика врз човекот и нашата земјата.
- Kреирањеедукативна платформа за споделување на искуства
- Споделување активностии стратегии за спречување на употреба на пластика што ке бидат споделени на платформата.
- Вклучувањена локалната заедница и семејствата на децата во менување на нивните навики за користење пластика
Имплементатори на проектот се седум невладини организации од Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија, Романија, Полска, Португалија и Македонија чии што програмски цели се насочени кон развој на современите образовни трендови:
- Polo Europeo Della Conoscenza (Италија)
https://www.europole.org - Friends of Education (Македонија)
friends-of-education.org - Regional Directorate of Education Castilla y Leon – JCYL (Spain)
educa.jcyl.es - Panevezio Rajono Svietimo Centras (Литванија)
prpsc.lt - MAKE IT BETTER – Associacão para a Inovacão e Economia Social (Португалија)
mibworld.org - University of Burgos (UBU) (Шпанија)
ubu.es - Turkish Ministry of National Education (Turkey)
Повеќе информации во врска со проектни активности достапни се на следниот линк.