Pro Social Values Erasmus+ KA201 N° 20171IT02KA201036860 (Просоцијално учење - учење со емпатија) проект на Erazmus+ KA2 програма на Европска Унија

Официјалната веб страна на проектот  достапна на следниот линк.

Во рамки на Erazmus+ KA3 програмата на Европска Унија, во период од декември 2017 до декември 2020 година во нашето училиште беше реализиран проектот Pro Social Values (Просоцијално учење или учење со емпатија).

 Имплементатори на проектот беа шест невладини организации од Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија и Македонија чии што програмски цели се насочени кон развој на современите образовни трендови:

  • Polo Europeo Della Conoscenza (Италија)
  • Uşak İl Milli Eğitim Müdürlüğü (Турција)
  • Panevezio Rajono Svietimo Centras (Литванија)
  • Consejeria De Education (Шпанија)
  • Trakia University (Бугарија)
  • Friends of Education (Македонија) – Национална контакт точка за имплементирање на проектот  Pro Social Values  (Просоциално учење односно Учење со ематија) во Република Македонија е  Здружението ,,ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО,, а можност за учество ќе имаат сите наставници кои ќе се регистрираат на официјалната веб страна на проектот следниот линкhttp://psv.europole.org како и на блогот на проектот на следниот линк http://psv.europole.org/mk/blog/

 Проектните активности на проектот ,,Pro Social Values,, (Просоциално учење односно Учење со ематија) во училиштата во Република Македонија се одвиваше во две фази. Почетна прва фаза на имплементација на проектот која започна во јуни 2018 година и во која беа вклучени осум основни училишта од Република Македонија. Втората фаза  се реализира во периодот од септември 2018 година до јуни 2020 година и во неа  имаа можност да учествуваат наставници од сите училишта во РепубликаМакедонија. Проектните активности  во оваа фаза  ги опфатија следните активности:

  • Спроведување вебинари за промоција на проектните активности и поддршка на наставниците кои ќе бидат вклучени во проектот 
  • Реализација на работилници за споделување добри наставни практики кои прикажуваат просоцијално учење 
  • Организирање награден конкурс – филмски фестивал на едукативни филмови со ,,просоцијална содржина,, 
  • Организирање на училишни иницијативи/настани т.н. ПРОСОЦИЈАЛНА НЕДЕЛА 
  • Меѓунардна соработка и учество на  Петтата Едуконференција  посветена на Просоцијалното учење

 Повеќе на официјалната веб страна  на здружението Здружението ,,ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО,, следниот линк.

 Просоцијални вредности  пристапи на предизвикот за социјална инклузија и образование, така што  им помогна на децата од 5 до 15 години да ги научат социјалните вештини, да развијат интерперсонални односи и на тој начин да го подобрат соживотот и да ја зајакнат својата индивидуалност. Ова ќе се постигне со тоа што ќе се создаде интернационална заедница на училишта кои ќе соработуваат при промоција на активности на национално и интернационално ниво, соодветен тренинг на наставниците и колекција на сериозни игри кои учениците ќе ги користат и ќе ги подобрат нивните социјални вештини. Во текот на првата година партнерите на проектот ќе се фокусират на препознавање на теоретската основа за просоцијалност и користењето на игри во образованието на децата. Целта е што покомпетентно да се развиваат понатамошните исходи.  За да се овозможи успешна имплементација, најпрво беше направена анализа на потребите на наставниците зашто тие се првите промотери во заедницата.

 

Нивното знаење и потребата од просоцијално учење  беше земено и анализирано од веќе постоечките активностити и практики, а акцентот биде ставен на аспектот и можноста за трнсформирање на наставните практики во едукативни игри, така што беше креирана база на податоци на просоцијални сериозни игри. Се направи акционен план за создавање, развој и зајакнување на просоцијалната заедница земајќи ги во предвид националните и интернационални потреби. Овој план беше базата за развој на тренинг на наставниците кои се одговорни за своиоте локални заедници. После тренингот на наставниците за специфичните методи преку кои тие ќе подучуваат просоцијални вредности, започна фазата на истражување, со кое се  анализира подобрувањето на социјалниот живот во училиштата кои се вклучени во проектот. 

 

Резултатите од истражувањето беа објавени и промовирани на: Две интернационални конференции, локални семинари и работилници и три билтени кои може да  придонесат кон десеминацијата и примената на резултатите од проектот. Како додадток на тренингот се направи едукативна игра со различни нивоа на тежина.

 Повеќе на на официјалната веб страна на проектот следниот линк http://psv.europole.org како и на блогот на проектот на следниот линк http://psv.europole.org/mk/blog/.