“Robotics versus Bullying RoBy” (612872-EPP-1-2019-1-IT-EPPKA3-PI-FORWARD) проект на Erazmus+ KA3 програма на Европска Унија.
Официјалната веб страна на проектот е достапна на следниот линк.


Како резултат на повеќегодишно успешно спроведените проектни активности на Erazmus+ KA3 програмата на Европска Унија, во соработка со „Здружението за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО, нашето училиште ”ООУ ,,Григор Прличев,, – Охрид беше назначено за едно од петте Амбасадор училишта во РС Македонија во имплементацијата на проект “Robotics versus Bullying RoBy” (612872-EPP-1-2019-1-IT-EPPKA3-PI-FORWARD) во период од февруари 2021 до декември 2024 година. Проектот ,,RObotics versus BullYing,, беше насочен кон имплементација на STEM едукација – роботика, која ќе им овозможи на учениците на возраст од 6 до 12 години да ги направат своите први чекори во науката, технологијата и инженерството на забавен начин и преку социјална инклузија, со што ќе се зголемат нивните дигитални вештини, но пред се вештините за решавање проблеми, критичко размислување, експериментирање и тимска работа кои се клучни во животот на детето.
Фокусот на проектните активности беше ставен на подобрување на комуникацијата, развивање емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училишната образовна практика, зголемување на соработката меѓу децата и младите, како и меѓу родителите, наставниците и пошироката заедница и локална средина.
Крајната цел пак на проектните активности е насочена кон намалување на насилството помеѓу врсниците и интеграција на различни групи во општественото живеење засновано на позитивни општествени норми и вредности.
Повеќе информации и ресурси во врска со проектни активности на проектот ,,RObotics versus BullYing,, во период од февруари 2021 до декември 2024, се достапни на:
- Официјалната веб страна на проектот ,,RObotics versus BullYing,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 612872-EPP-1-2019-1-IT-EPPKA3-PI-FORWARD е достапна на следниот линк.
- Активностите на амбасадор училиштата од Република Северна Македонија, кои се имплементатотори на активностите од проектот се достапни на веб страна, на следниот линк
- Меѓунардна соработка и учество на ученици и наставници од училиштето како презентери ,,RObotics versus BullYing,, Erasmus+ Project | Да учиме заедно (wordpress.com) на шестата интернационална Едуконференција #EduConferece2022
- Блогот со актуелни настани е достапен на следниот линк.
Линкови од модулите на обуката се достапни на следниот линк.