Интердисциплинарното учење, базирано на игра, претставува планиран пристап кон учењето кој користи врски помеѓу различни наставни предмети или дисциплини со цел да го олесни процесот на стекнување знаења и вештини преку игровни активности. В Фокусот на наставните активности беше поставен на подобрувањето на квалитетот на наставата и активно учество на учениците во наставниот процес. На таков начин, учениците освен што усвојуваа нови знаења и вештини преку активно учество и критичко размислување, усвојуваа вештини за подобрување на меѓусебната комуникација, развивање емпатија, меѓусебно помагање, инклузија и зголемување на меѓусебната соработка.
