Галерија

✨
Не само #прличевци, туку и возрасните придонесуваат за моменти за паметење кои ја одбележуваат Детската недела … секогаш заедно за децата ! 👫
Во организација на Советот на родителите и училиштето, денес во спортската сала на училиштето се одржа предавање и работилница на тема:
📣,,Добре дојдовте во светот на возрасните”.📣 Истата ја предводеше прекрасната проф. д-р психолог Диана Белевска која специјално за #прличевци со огромна радост, задоволство и мотив говореше и теоретски и практично за анксиозноста, тагата и немирот како чувства наспроти оние посакуваните на среќа и смиреност.
✨#ПРЛИЧЕВЦИ со учество на ревијалните натпревари за одбележување на Меѓународниот ден на физичката активност
🎯Полни спортски терени⚽🏀🏐, планинарски и велосипедски патеки🚴‍♀️, пинг-понг сали 🏓, шаховски места♟️и езеро со едрилици⛵.
🎯Учесниците од сите општински училишта, го претставија лицето на градот,какво што сите ние поскуваме да го имаме секојдневно.
🏅За здрава младина-здрава иднина
🏅За животни вредности и фер плеј принципи
🏅За Охрид со насмевки
#ПРЛИЧЕВЦИ за здравјето🩺❤🩺❤
Трибина на тема: “Со физичка активност до ЗДРАВО срце”
➡️Големата заинтересираност на учениците и одлично поставените прашања од нивна страна се доказ дека потребата од вакви едукативни предавања се повеќе од потребни, бидејќи нашата заедичка цел е јасна: Здрави деца, за поздрав свет❗️🌏
✅️Трибината беше организирана од страна на нашето училиште, Советот на родители и Дете правобранител, а во соработка со Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ од Охрид
Подигнуваме БЕЛ КАРТОН ◽
◻️за личен и општествен развој,
◻️за толеранција и мир и
◻️за сите граници кои спортот ги надминува!
❤️Симболична, но силна порака од #ПРЛИЧЕВЦИ низ денешните активности за одбележување на 6.Април –  Меѓународниот ден на спортот за развој и мир🌸
#ПРЛИЧЕВЦИ го одбележаа Денот на шегата 🎭
🎩🍭🎪 Ова е нашата АПРИЛИЈАДА – чудесна приказна полна со принцези, Спајдермени, кловнови, пеперутки, Супермени, самовили, Бетмени, пирати и многу други јунаци од светот на фантазијата🦸‍♂️🧚‍♀️🤴🤡🦹‍♂️🧞‍♀️😻🍭🎭👺🥳🧞
👑Крунисани и среќни, чекоревме по пролетната патека со желби за убава и безгрижна пролет🌞🌸
21.Март – Колку УБАВ ДЕН!!! 🎀🎉🍭
Денес го изигравме волшебниот танц на пролетта, екологијата и хромозомите.🌼🌳💟
🟪🟩🟥Денес бевме и Шарено Исти со подадена рака за лицата со Даунов синдром, а облечени во различно шарени чорапи во чест на нив – Ретките кои имаат само еден хромозом повеќе.🧦
Колку УБАВ ДЕН!!!🎀🎉🍭
Еко-патролите го зачекорија Зелениот марш, а младите креативци застанаа на црвениот тепих во филмот 🎬 ЕКО МОДА – ревија на облека од рециклиран материјал💃🕺⭐️
Денес е 20 март – Светски ден на среќата🍀🍀🍀
🍀СРЕЌАТА е… наш избор и само од нас зависи дали ќе бидеме среќни🍀
Третоодделениците од нашето училиште со среќни лица и свои пораки и дела, нé потсетуваат дека СРЕЌАТА ја има во малите нешта.🐞🧲🍀
#ПРЛИЧЕВЦИ за КРВОДАРИТЕЛСТВОТО како стремеж за унапредување на животот и највисок степен на лична морална одговорност🩸💉❣️
🩸Дарувањето крв е доброволно и претставува најблагородно хумано дело.
🩸Хуманоста е таа што секогаш спасува.
🩸Дарувај крв, спаси живот!
#ПРЛИЧЕВЦИ со порака🎀
🌺“Жената е како цвет, потребни ѝ се само сончеви зборови и малку внимание”💟
#ПРЛИЧЕВЦИ креативно подарија внимание 🎨✍️
🌺За сите жени… мајки, баби, тетки, учителки, сестри,…. пријателки, докторки, домаќинки…
🎀Од рацете на вредните ученици беа изработени уникатни творби и напишани топли зборови со единствена желба: 🍀Секој нареден ден да биде како овој🍀
#ПРЛИЧЕВЦИ со поддршка🍀
💝Обои ЉУБОВ и со неа допри ги РЕТКИТЕ 💙💜💚
@Ги Запознаваме Ретките Болести