Нашата еко-секција соработува со Енхелеус Лихнид, во рамките на проектот “Училишта без пластика”

✅️Според програмата за работа на Еко секцијата од нашето училиште, во соработка со Енхелеус Лихнид, во рамките на проектот “Училишта без пластика”, беше изработен контејнер за собирање на пластичен и метален отпад со реупотреба (пренамена) на стари пластични шишиња. ♻️
Собраниот отпад ќе се носи во вендинг машини.
‼️Поените ќе се собираат до крајот на учебната година, со што ќе се 🏆натпреваруваме🏆со други училишта од градов за најголем број собрани поени и освојување награда🎁
🗣Да покажеме дека сме подготвени за создавање позитивни промени со цел заштита на животната средина и одржливо живеење✳️