Нашите ученици, Ивана Секулоска и Лео Нелоски од IX одделение, се добитници на вредна стипендија од Гете- Институт Скопје

Ивана и Лео од IX одделение, под менторство на наставничката Билјана Атанасовска, се добитници на вредна стипендија од Гете- Институт Скопје.
По извршеното тестирање на познавањата на германскиот јазик, уениците се пласираа во НАЈДОБРИТЕ ШЕСТ УЧЕНИЦИ во Македонија и добија можност да учествуваат на тринеделен меѓународен јазичен курс во Хинтерцартен, Германија 🏅🏆🏅
Овие стипендии се доделуваат на ученици од партнерските училишта на Гете – Институтот, како што е и нашето училиште, едно од четирите училишта во Македонија 🇲🇰
Изразуваме голема благодарност до Гете- Институт Скопје за постојаната поддршка при изучување на само на германскиот јазик како странски јазик туку и на германската култура и традиција и се радуваме на нашата понатамошна соработка 🇲🇰🤝🇩🇪