Низа активности по повод Детската недела- најубавата недела во светот!

#ПРЛИЧЕВЦИ ја одбележуваат најсреќната недела на светот – ДЕТСКАТА НЕДЕЛА 👫❤️
Секое дете има свои детски права‼️
Меѓу нив, особено важно е и правото на здрав и правилен детски развој, на постојана когнитивна активност, но и на континуирана физичка активност.
Во нашето училиште, спортот е омилен помеѓу учениците ⛹️‍♂️🤸‍♂️🤾‍♀️
На таков начин ги мотивираме учениците да се истакнуваат себе си, им го развиваме победничкиот дух, но и ја поттикнуваме свесноста за тимска игра 🏃‍♀️‍➡️🏃
Бидејќи здравото детство, започнува со правото на спорт… еднакво за сите, без разлики и без стереотипи и предрасуди✔️

Потоа следеше активноста „Превземи ја катедрата“
#ПРЛИЧЕВЦИ ја превземаат КАТЕДРАТА📝📚 и ги променуваат улогите со учителите 🙂
Така добиваат одговор на сите прашања… дека успешен УЧИТЕЛ може да биде оној, кој навистина многу… многу ја сака својата професија и кој навистина многу… многу чува грижа, посветеност, внимание, совети, многу труд и време, но пред се’ многу … многу љубов за своите ученици❤️

Следно беше Конституирањето на ученичкиот парламент.

🗣 Нашиот глас во Ученичкиот парламент 🏛
👫 Детската недела:🩷”Конституирање на УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ и избор на негов претседател и ДЕТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛ!🙋‍♀️🙋
👫 Ученици, претставници од сите одделенија го направија следниот избор:
👏Нина Кузмановска – Претседател🙋‍♀️
👏Ивана Ристеска-Дете правобранител
🗣Тие се гласот на сите #ПРЛИЧЕВЦИ❗️
👉Почитување, застапување на ученичките интереси, заеднички права, но и обврски, а зад вас големата поддршка – Вашето училиште!🏢
👉Со вашите дела #ПРЛИЧЕВЦИ, бидете гордост наша!⭐️🏆

Па следеше приемот на првачињата во  детската организација.

#ПРЛИЧЕВЦИ во еден глас:
🗣”Во овој момент ветувам на сиот глас, дека моите наставници ќе ги почитувам јас.❤️
Секоја задача ќе се обидам со леснотија да ја решам, но, ве молам простете, ако некогаш згрешам❤️
Во овој момент давам чесен збор, ќе се дружам со другарчињата во училишниот двор”👫❤️
Среќно🍀

Активностите завршија со одбележување на Светскиот ден на учителот.

🗣Тоа е денот на луѓето кои несебично се вложуваат за сите ние да ја достигнеме нашата цел во животот и да бидеме она што сме денес.🫶
На луѓето кои ги водат децата да истражуваат и да размислуваат критички, поттикнувајќи независна мисла💭
Тоа е денот на сите 👨‍🏫👩‍🏫наставници ширум светот.👨‍🏫👩‍🏫
Наставниците го будат потенцијалот кај секој ученик, помагајќи му да ги реализираа своите способности. Тие го имаат тоа големо срце кое помага во обликувањето на малите умови и креираат иднина во нивната училница.❤️
🍀Честит ден, наставници!🍀