Отворено ново сензорно катче наменето за дечињата со атипичен развој во ООУ ,,Григор Прличев“ Охрид

✅️Здравје за СИТЕ…за сите на СВЕТОТ!
По повод Светскиот ден на здравјето, НАШЕТО УЧИЛИШТЕ Е ОПЛЕМЕНЕТО СО УШТЕ ЕДНО КАТЧЕ… направено од  срце за срце!
НОВО 🫶СЕНЗОРНО КАТЧЕ🫶 за дечиња со атипичен развој во нашето училиште… креирано со многу љубов, со многу внимание, со многу посветеност од страна на Советот на родители, на училиштето, на општествено одговорни компании и на хумани лица.
Раче за раче, прегратка за една иста таква, убав збор за рој зборови милни… една мисла силна за грст мисли посветени на најнежните, на единствените, на љубените… на ДЕЦАТА!